Шер изгледа неверојатно и на 73 години – во оваа храна се крие нејзината тајната

Вистински предизвик е со сите обврски да одржувате и здрав животен стил, односно да вежбате и правилно да јадете.

Луѓето денес се презафатени, трчаат од состанок на состанок, и поголем дел од времето го минуваат на работа.

ADVERTISEMENT

Сепак, многу е важно (а можеби и најважно) да се храните здраво и редовно да вежбате, а тоа најдобро го знае 72-годишната пејачка Шер. Минатата година оваа икона покажа дека е способна да издржи петминутен планк, а ги следи правилата на вегетаријанската исхрана.

View this post on Instagram

2/7/17 Las Vegas, NV 🌟

A post shared by Cher (@cher) on

„Не ми се допаѓа месото, и повеќето од работите што ги јадам се здрави”, откри таа во едно нејзино интервју.

ADVERTISEMENT

Ретко пие, не пуши и не се дрогира. „Постојат работи кои се нездрави, но јас и онака не уживам во нив, како што е дрогата и алкохолот. Порано пушев и пиев алкохол во ретки случаи, само три или четири пати годишно”, вели таа.

Со годините научила која храна и одговара најмногу и постојано води грижа за тоа. „Млечните производи не се добри за мене. Ако морам да го консумирам млекото, ќе изберам без масти. Сирењето го сметам за една од најлошите работи за телото. Тоа е мрсно и ќе го подигне нивото на холестерол во крвта “, објаснува таа.

Кога е на снимањето, се храни со сладок компир и салати, но обично избира интегрален ориз, мешунки, обично леќа, зеленчук, тестенини и овошје. „Тестенините ми даваат многу енергија, како и овошјето како банана, папаја и нектарини бидејќи содржат многу шеќер, но не е рафиниран”, вели познатата пејачка. Со годините исто така научила и да сурфа, а во теретана поминува пет дена во неделата.

„Тоа е нешто што отсекогаш сум го правела, и едноставно уживам во тоа”, заклучува таа.

Facebook Comments
(Visited 9 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT