Шерон Стоун (65) облече бикини од Долче и Габана и го сруши интернетот
Неверојатна жена
Познатата актерка пред неколку дена конечно го покажа она што многумина сакаа да го видат – нејзиното тело во костим за капење.
Познатата 65 годишна актерка позираше во дводелен зелен модел од Долче и Габана кој изгледаше одлично на нејзиното затегнато тело.
Шерон позираше во дневната соба од својата вила во Беверли Хилс, а на лицето носеше црни реј-бан очила за сонце.
Холивудската икона и мајка на три деца позираше во поприлично провокативно издание – го покажа затегнато стомак, но и „позадината“.
Зад неа се гледа врамена фотографија од нејзината омилена актерка Мерилин Монро, гола, додека лежи замотана во бел чаршав.
На фотографијата е и нејзиното куче, но дали го гледате?
Што се однесува до тајната на нејзиниот изглед, холивудската актерка во една пригода откри дека некои од нејзините трикови вклучуваат овошен појадок, пливање во базен, спиење од осум часови, редовно пешачење и капење со сол од Мртво море.
Фото: Инстаграм/ Шерон Стоун
Фото: Инстаграм/ Шерон Стоун
Фото: Инстаграм/ Шерон Стоун
Фото: Инстаграм/ Шерон Стоун
Фото: Инстаграм/ Шерон Стоун
Фото: Инстаграм/ Шерон Стоун
Фото: Инстаграм/ Шерон Стоун
Фото: Инстаграм/ Шерон Стоун