Шерифовиќ прв пат го покажа и лицето на своето синче – најслаткиот момент на Марија со малиот Марио
Пејачката откри и на кого личи нејзиниот наследник
Откако се оствари во најважната улога во животот, секојдневието на пејачката Марија Шерифовиќ речиси целосно се промени.
Таа сега најмногу време поминува со својот син Марио што го доби со помош на сурогат мајка од Америка, а нивните заеднички објави што речиси секојдневно „испливуваат“ на социјалните мрежи укажуваат на тоа колку пејачката ужива во мајчинството.
Така беше и овој пат, кога Марија покажа како ужива во семејниот дом во Белград, а моментот што го сподели ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Имено, пејачката се фотографираше додека лежи на креветот покрај нејзиниот јунак, и двајцата покриени со истото ќебенце.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Малиот лежеше во нејзиниот скут, а во преден план беше неговото ноже кое цело време мрдаше, додека во позадина се слушаа стиховите од песната „Ноктурно“ – „Не дам ватру да те дира, не дам киши да те кваси“.
Потсетуваме, Марија Шерифовиќ откако се врати во Белград заедно со својот син редовно ги споделува најубавите моменти со него.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Па така досега имавме прилика да видиме како заедно се шетаат, како го храни и носи, како си игра со него.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Нејзиниот наследник на 2 февруари наполни два месеци, кои како што истакна и самата пејачка, се најубавите во нејзиниот живот.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Но таа досега најчесто ги покажуваше само неговите нозе, а неодамна реши да му го покаже и лицето, така што оние што имаа прилика да го видат Марио во ова издание велат дека е преслатко бебе.
Според нивните коментари Марио има црна косичка и темни и крупни очи, но и многу личи на Марија и баба му Верица.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
„Уште е многу мал за да би можела да откријам на кого личи. Има време за тоа“, изјави Марија неодамна во едно нејзино обраќање на интернет и откри дали Марио навистина е нејзин и што му пишува во документите.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
„Јас сум неговата биолошка мајка и во документите сум запишана како единствен родител. И во генетска и во административна и во секоја друга смисла јас сум мајката на Марио, секој негов мал атом што доаѓа од ДНК-то на мајката е мој“, откри познатата пејачка.