Шерифовиќ на пат да стане мајка? Го избра името за детето, па ги ШОКИPAШЕ сите и со венчаницата за нејзината свадба
Марија Шерифовиќ откри дека би сакала во скоро време да се види во улога на мајка.
Познатата пејачка Јована Николиќ Мишковиќ се вклучи во живо во програмот на една емисија на „Курир“ телевизија за да и даде поддршка на својата колешка и пријателка Марија Шерифовиќ и ја остави следнава порака:
„Ние двете една на друга имаме кажано сé, така што немам што многу да кажам, освен дека би сакала во блиска иднина да не распродава ‘Арени’, туку да менува пелени, изјави Јована.
На тоа Марија изјави:
„Колку е безобразна оваа Јована. Се шегувам… Ние двете сме многу, многу добри пријатели и се и сешто во овј ѓивот имаме поминато заедно. Така, да, убавице, ќе размислам за тоа“, изјави Марија на која ова не и е прв пат да зборува за тоа дека сака да стне мајка.
„Многу е интимно тоа прашање, посебно во овој момент и во овој случај. Не го сменив размислувањето и се радувам на таквиот момент кој најверојатно се ближи“, изјави Марија и додаде:
„Јована, ќе дојдеш, па ќе менуваш пелени“, и порача Шерифовиќ на својата пријателка Јована Николиќ Мишковиќ.
Шерифовиќ потоа откри и дека сака мајчинството кај неа да се случи планирано, така што дури уште од сега го знае името, но не би сакала да го открие.
Таа зборуваше и за тоа дали и како се замислува како невеста, па откри дека би сакала огромна бела венчаница.
„На мене тоа маестрално ми стои. Запросување не замислував, но венчаница да и одлично ми стои. Сигурно ќе носам некоја од Валентино од едно 20 метри, да се влече зад мене. И тоа сигурно ќе биде една од поубавите венчаници што луѓето ги виеле“, изјави популарната пејачка во емисијата.
Тешкото детство на Марија
Инаку, Шерифовиќ ретко зборува за својот приватен живот, па затоа многумина беа изненадени од овие нејзини зборови.
Марија пред неколку години во филмот што го снимаше за својот живот, каде меѓу останатото и прв пат зборуваше за својата ceкc-yална определба, откри и како изгледаше нејзиниот живот покрај татко aлко-холичap и кoцкap. нејзината мајка Верица, која исто така е пејачка, наводно од него трпела нac-илство, па заради тоа Марија со на се преселиле од Крагуевац во Белград.
Во еден дел од филмот се појави и нејзиниот татко, Рајко, кој призна дека ја изгубил ќерката и сопругата заради сопствени глупости.
„Ние малку на почетокот ја испуштивме бидејќи тогаш квотата на госпоѓа Верица беше голема. Марија ништо не виде од тие грди работи помеѓу мене и нејзината мајка. Знам дека беше против тоа што го правев. Но што да правам, не заборавајте дека јас сум поприлично постар од Верица и дека бев тоа што бев и пред таа да ми стане сопруга.“
„Кога ни се роди Марија, требаше да се откажам од коцкањето, но не го направив тоа. Секако, јас сум виновен, само јас и секогаш јас. Сега живеам сам во триста квадрати“, изјави тогаш таткото на Марија.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ