Шведската принцеза не престанува да воодушевува со нејзиниот стил
Оваа 33 годишна принцеза важи за една од најдобро облечените дами од европскиот кралски двор
За разлика од дамите од британскиот кралски двор, шведските принцези негуваат помалку претенциозен стил но секогаш успеваат да се истакнат со својата елеганција и грациозност. Така беше и кога принцезата Софија се појави на универзитетот Серпентин на свеченото доделување на дипломи.
https://www.instagram.com/p/BkAIvTegYkc/?utm_source=ig_embed
Таа за настанот избра зелен фустан со средна должина од Л.К. Бенет – еден од омилените брендови и на Кејт Мидлтон.
https://www.instagram.com/p/BkAIvTegYkc/?utm_source=ig_embed
Во прашање е фустан кој чини околу 300 евра. Украсен е со бели цветни детали по целата должина и бисерни копчиња, а убавата принцеза го комбинираше со класични беж салонки и чанта во слична нијанса, со златен ремен што ја носеше префрлена преку рамениците.