Шармантната македонска водителка го покажа момчето – романтична фотографија на која Јелена страсно се бакнува со саканиот
Македонската водителка во љубовен занес до своето момче.
Хармизматичната водителка Јелена Богојевиќ јавноста ја запозна уште додека беше многу мала. Оние кои се сеќаваат на мскедонската детска серија Наше маало, ја паметат Јелена во улогата на Матеа. Тогаш таа имала само 8 години.
Така започнува нејзината приказна.
Од тогаш Јелена е постојано присутна на малите екрани, а освен во глумата заплива и во други професии. После Наше маало започнала да пее и во хорот на Златно скавејче, а паралелно се занимава со манекенство.
Откако сивладала сѐ што е поврзано со манекенството, одлучила знаењето да го примени на пистите и така започнала со професионални ангажмани.
Но, после сѐ таа сега има нова љибов – водителството.
Прво популарност стекна како водителка на вестите во Фчерашни новости. Со нејзиниот шарм и хумор веднаш ја освои публиката.
Јелена сега публиката може да ја гледа секој ден во 10 часот како водителка на емисијата Магазин. Толку млада, а зад себе има толку успеси.
Јелена Богојевиќ покрај тоа што има дипломирано на факултетот за новинарство таа е и магистар по меѓународно право и односи и право на ЕУ.
Поради природата на нејзината професија, водителката денот го започнува многу рано, секако со утринско кафе. Она што ѝ е најважно на почетокот на денот е појадокот кој никогаш не го прескокнува.
Како предност во нејзината професија го издвојува тоа што е во контакт со различни луѓе, а како мана секако стресот, особено кога се брза и се има рок за да се исполнат некакви обврски.
– Најубавите нешта што се случуваат поврзани со работата се позитивните ефекти врз јавноста, кога знам дека добро сум ја завршила работата и луѓето го гледаат и ценат тоа, кога до нив допира искреноста и вложениот труд. Особено се радувам и кога децата ме препознаваат и сакаат да се дружат со мене, нивните насмевки ми го разубавуваат денот, кажа Јелена во интервју за Гламур.
Таа откри и што најмногу ја прави среќна.
-Mногу работи ме прават среќна, времето поминато со најблиските, взаемната поддршка, љубовта, секојдневните ситници и гестови кон другите, но и кон мене… А го сакам и слободното време кое знам да го одвојам само за мене, со книга во домашна атмосфера, прошетка или медитација за опуштање, кажа водителката.
Иако ретко зборува за својот приватен живот, таа деновиве изненади со фотографии од момчето.
Водителката досега го нема покажано човекот што го има освоено нејзиното срце, а сега се одлучи за неколку романтични фотографии.
Едната од нив привлече големо внимание.
Романтичната фотографија е направена покрај водопади, а водителката и нејзиното момче страсно се бакнуваат.
-Ќе те изберам, во сто живот, во сто светови, во секоја реалност, ќе те најдам и ќе те изберам, напиша Јелена на фотографијата.
Водителката ја покажа својата романтична страна и откри зошто го избрала нејзиниот партнер.
-Кога ќе најдеш и љубов и пријателство во една личност, стои во опис на нивната најнова фотографија.