Шармантната водителка на „Брза кујна“ конечно реши да ја открие НАЈГОЛЕМАТА мистерија во емисијата и ги изненади сите!
Веќе започна и седмата сезона на кулинарското шоу „Брза кујна“ а сега водителката откри детали од снимањето.
Заедно со готвачите Марк и Никола, Сања Савеска ги развеселува гледачите на кулинарското шоу оваа година.
Иако навикната да биде продуктивна во раните утрински часови, Сања одлично се справува попладне кога имаме можност да ја гледаме како домаќинка на „Брза кујна“.
Сања дојде на местото на Александра Илиевска, а сега во интервју за „Магазин“ призна дека на почетокот била малку „нервозна“ бидејќи не знаела како ќе ја прифати публиката.
Сепак таа мисла брзо исчезнала откако видела дека ја прифатиле и готвачите, но и публиката, а луѓето се почесто ја застанувале на улица за да ја прашаат по некое прашање за шеф Никола и шеф Марк.
Едно од најчестите прашања е дали навистина готват за 20 минути, па таа кажа што се случува.
-Па вака, не успеваат. 20 минути на шеф Марк и на шеф Никола им се премногу. Некогаш се готови и за 17 и за 18, имаме дури и моменти кога за 15 минути подготвуваат се, но никогаш досега, во оваа сезона, 20 минути не им беа малку, рече Сања.
Таа во интервјуто за „Магазин“ откри дека намирниците кои ги добиваат навистина чинат по 500 денари и дека Никола и Марк се вистински магионичари кои успеваат да направат магија за кратко време.
Таа вели дека на почетокот и самата била скептик и не верувала, меѓутоа како изминувало времето почнала и самата да ги пробува јадењата и се уверила дека се зготвени, но и вкусни.
Таа претходно беше една од главните водителки во Телевизија 24 каде долго време ја водеше „Македонија денес“.
Сања денес важи за една од омилените водителки на нашата публика, а мошне популарна е и на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска