Чуда се можни во Тумане: Со молитвите до светците Никола го победи ракот, Лена прооде…
Велиден, празникот на Христовото воскресение е време кога може да се верува во чуда, зошто тие и се случуваат. Молитвите упатени до светците Зосим и Јаков, чии мошти почиваат во најпосетениот манастир на СПЦ, Тумане донесоа исцелување на постар човек кој боледувал од карцином на белите дробови.
Дека се случило чудо објави манастирот на Велигден, на Фејсбук страницата. Станува збор за порака од верничката Марија Поповиќ од Обреновац чиј татко ја победил ужасната болест.
-Во јуни 2019 година на мојот татко Никола е дијагностициран рак на десното белодробно крило. Лекувањето почна со хемотерапии, паралено е вклучена и алтернативна медицина со надзор на лекар. Борбата за мојот татко не прекинува – ние не се предаваме, напиша Марија.
Ќерката додав дека по ничиј совет заминале во манастирот во Тумане, на молитва кон светителите во февруари 2020.
-Во манастирот имаше голема гужва, но и нашата вера беше голема, а волјата силна, непоколеблива.
Кога се вративме дома, на тамо му се поврати самодовербата, се чувствуаше подобро, дури и насмевката му се врати. Верата во Бога надвладеа се! Две недели по посетата на манастирот отидовме на конзилиум со резултатите од скенерот. Докторката со чудење соопшти дека ракот на десното белодробно крило исчезнал! Слава му на Бога! – напиша Марија чие писмо е објавено на страницата на манастирот.
Неодамна медиумите пишуваа благодарение на маслото од кандилото во манастирот Тумане, двегодишната Лена од Ниш проодела.
Брачна двојка од Неготин му благодарат на Свети Зосим што ги дарувал со пород. Бебето Јаков се родило во март годинава, откако брачната двојка со години не можела да има дете, а по молитвите во манстирот им се исполнила најголемата желба.