Чолиќ го прослави 72 роденден, па направи селфи со ќерката – пејачот не старее, времето како да стои за него
Ќерката на познатиот пејач ги покажа сите детали од прославата
Популарниот пејач Здравко Чолиќ вчера го прослави својот 72 роденден во кругот на своите најблиски пријатели и роднини.
Фотографии од интимната роденденска прослава сподели неговата ќерка Уна која ги воодушеви сите со својата објава.
„Среќен роденден на најдобриот татко! Мојата гордост, те сакам!“, напиша Уна под една од фотографиите што ги објави на Инстаграм.
Уна објави и една заедничка фотографија на која е со нејзиниот татко, а сите им порачаа дека изгледаат прекрасно, посебно кога се заедно.
Инаку, Уна има 21 година и како и сите нејзини врснички, често објавува фотографии на социјалните мрежи.
Нејзиниот татко отсекогаш сакал да го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста, но откако пораснаа неговите наследнички Уна и Луна, работите малку се променија.
Посебно откако Уна започна да објавува фотографии на својот Инстаграм со кои за кратко време стана многу позната.
„Уна го сака тоа, друштвена е, комуникативна и веројатно и значи, за разлика од мене. Сите имавме свои фантазии во тие години, а сега таа ера на технологија е нешто што им одговара, па не се мешам“, призна познатиот пејач во едно негово интервју.
„Сите татковци се слаби на својата ќерка, па така и јас“, изјави тогаш Чолиќ за својата постара ќерка.
Фото: Инстаграм/ Уна Чолиќ
Фото: Инстаграм/ Уна Чолиќ
Фото: Инстаграм/ Уна Чолиќ
Фото: Инстаграм/ Уна Чолиќ
Фото: Инстаграм/ Уна Чолиќ
Фото: Инстаграм/ Уна Чолиќ