Четиригодишно девојче се уште носи пелени, мајката се пожали дека ја напаѓаат поради тоа
Мајката Лаура Маца која својата ќерка се уште не ја научила да врши нужда во тоалет, тврди дека девојчето тоа ќе го научи само кога ќе биде подготвено за тоа.
Нејзиниот одговор ги зачуди другите родители кои не се согласуваат со тоа.
-Има четири години. Четири години, една недела и еден ден. И не знае да оди во тоалет. Кога има шест месеци, не сакаше. Кога имаше осум месеци исто така. Ја однесов на педијатар и тој рече дека се е во ред, и дека ќе го направи тоа кога ќе виде подготвена. И така беше“, напиша Маца на Инстаграм покрај фотографијата на својата ќерка.
https://www.instagram.com/p/B9RGW8fnEiK/?utm_source=ig_embed
Продолжи да објаснува дека случајот бил ист и со проодувањето и зборувањето.
„Не проговори брзо како нејзините браќа. Тие уште пред втората година броеја до десет, таа едвај говореше. Ја одведов на лекар и ми рекоа дека ќе почне да зборува кога ќе и дојде време. И тоа се случи, сега не можам да ја замолчам“, додава Маца.
Како што вели, нејзините деца се различни, но сите еднакво ги сака.
„Таа мрази галама. Ги покрива ушите. Речиси и не си игра со другите деца, сака да биде сама. Има поинакви особини од браќата и сестрите. Подоцна од нив оствари некои достигнувања. Таа е поинаква. Прави се во светот време“, објаснува.
https://www.instagram.com/p/B-y8EJuH6VC/?utm_source=ig_embed
Мајката уверува дека исто е и кога во прашање се пелените, и дека со тек на време, девојчето ќе престане да ги носи.
Родителите и честитаа на искреноста и ѝ порачаа да не се нервира за коментарите на другите зошто секое дете е единствено.