Црвенокосата Македонка си заминува од „Ѕвездите на Гранд“ – Марија Шерифовиќ со брутални критики, Цеца сакаше да ја одбрани!
Бранка не успеа да се пласира во следниот круг…
Според оценките од жирито, Бранка Соколовска и Марија Превишиќ не дадода сé од себе на нивниот последен настап во „Ѕвездите на Гранд“. Нивниот слаб настап ја чинеше шармантната натпреварувачка од Македонија да го напушти шоуто, додека втората замина во бараж.
И покрај тоа што имаше полемика дали да и дадат уште еден глас на Македонката за да замине во баражот, тоа не се случи така што натпреварувачката од тимот на Вики Миљковиќ го заврши натпреварот во третиот круг.
Втората натпреварувачка која беше од тимот на Драган Стојковиќ Босанац помина со еден глас повеќе и замина во бараж.
„Сé на сé, му се молев на Господ ова што подобро да се заврши. Еден хаос, склад на несклад, текот на енергијата застана како матрикс. Баш нешто лошо се случи. Бранка, тоа беше злочин што и го направи на песната. Натпреварувачката под број два, првата песна беше убава, а во другата не се сложи и тоа се песни кои субјективно траат седум минути! Никако да завршат. Тоа се е една рамна ситуација. Генерално ова беше еден пар кој не беше угоден и пријатен за слушање“, го изнесе прва своето мислење пејачката Марија Шерифовиќ.
Од друга страна Цеца истакна дека првата натпреварувачка не заслужила само два гласа и се праша дали имаше грешка во гласањето. Како што изјави таа, и претходно имале кандидати кои правеле многу грешки, а им давале шанса за во баражот, на што повторно се огласи Марија.
Имено, Марија ја прекина Цеца и додаде дека и на еден нејзин кандидат истото му се случило и дека не го коментирала тоа.
По нив се огласи рокерот Ѓорѓе Давид на кого му се допадна втората песна на пејачката од Македонија, па коментираше:
„Тука ми беше нешто пожива. Сметам дека требаше да добиеш шанса да одиш во бараж бидејќи втората кандидатка како пееше и се движеше на сцената, никаде не се помести од настапот во вториот круг. Тоа што ти го направи, тоа е школска приредба. Шокиран сум од гласањето, мислам дека ладно требаше да и се даде третиот глас на првата кандидатка“, изјави тој.
Од друга страна, познатата фолк-пејачка Ана Бекута препозна дека Бранка професионално се занимава со музика па и даде конструктивна критика.
„Не научи да раздвоиш како оди народна, а како се пее забавна музика. Така видовме, односно слушнав како во песната „Име мое“ користиш премногу фолк украси кои тука не одговараат воопшто. Немаше концентрација. И втората песна ја отпеа во истиот фазон“,изјави Бекута.
Инаку, Бранка има 36 години и е од Скопје, а во првиот круг по нејзиниот настап се „скараа“ Поповиќ и Миљковиќ.
Таа тогаш го испеа големиот хит на Вики, „Црно на бело“, и по настапот доби пет гласови од жирито.
Бранка најпрво ја сакаше Цеца Ражнатовиќ за своја менторка, но потоа ја избра нејзината кума Вики.
Тогаш се огласи и Саша Поповиќ и ја критикуваше Вики дека секогаш дава глас за оние што ќе изберат да пеат нејзини песни, а во целата расправија се вклучи и Цеца која застана на страната на нејзината кума.
Повеќе за ова прочитајте тука…
Фото: Инстаграм/ Бранка Соколовска
Фото: Инстаграм/ Бранка Соколовска
Фото: Инстаграм/ Бранка Соколовска
Фото: Инстаграм/ Бранка Соколовска
Извор: Гранд.онлајн, Гламур