Според старо верувања, кога ќе пристигне новогодишната ноќ, на себе мора да имате некое црвено парче или детаљ бидејќи така ја повикувате среќата во вашиот живот.
Претставничките на понежниот пол често одлучуваат за црвена долна облека или за црвен фустан, но ако веќе сте се засителе од овие парчиња, зошто да не посегнете по црвени чевли? И наместо салонки или сандали овој пат ви предлагаме да изберете – чизми до глужд. Тие се одличен избор, особено ако 2019 ќе ја дочекате некаде на отворено, бидејќи во тој случај можете лесно да ги заштитите нозете од студ.
Со цел да го олесниме пребарувањето за вашите идеални црвени чизми до глужд, од моменталната понуда на класични и онлајн продавници избравме неколку модели со различни типови на високи потпетици.
Погледнете ги во галеријата што следува >>