Цеца ја остави трансродовата пејачка без зборови, ова никој не го ОЧЕКУВАШЕ – нејзината постапка ќе ги изненади сите!
Трансродовата пејачка воодушевена од Цеца…
Познатата фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ реши да сподели со јавноста како изгледа нејзината соработка со кандидатите во „Ѕвездите на Гранд“. Таа во рамките на новата епизода од „Цеца шоу“ на Блиц ТВ покажа дека максимално им е посветена на своите кандидати, а со еден потег ги воодушеви како јавноста, така и Алина Јухарт која е дел од нејзиниот тим во „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, шармантната Словенка која уште од самиот почеток го привлече вниманието на јавноста овој пат во домот на Цеца се обидуваше да ја испее песната „Риплеј“ од Сенидах, како и „Бог и батина“ од Маус Маки. Но вистинско изненадување следуваше откако Цеца се понуди да и помогне околу изгледот на претстојниот настап во шоуто.
„Саша (Поповиќ) бара перформанс од неа. Сака спектакл. Сенидах не ми одговара за тебе, таа има засипнат глас, немате иста боја на гласот“, вели Цеца, па Алина премина на следната песна.
„Мини фустан оди со песната, а преку тоа леопард мантил. Имам јас тоа, можам да ти позајмам. Ќе биде добро да комбинираш и чизми со тоа“, зборуваше пејачката, по што Алина имаше хит реакција.
„Сега можам да умрам, кога Цеца ми го позајмува капутот“, изјави таа во рамите на „Цеца шоу“ што се емитува на Блиц ТВ.
Инаку Алина на социјалните мрежи сподели и неколку фотографии со кои го најави својот нов настап за оваа сабота.
Таа носеше мини фустан во бела боја со раскошен црвен дезен, а на едната од нив позираше и во црн тренди капут.
Следуваа бројни реакции од нејзините бројни фанови и сите се согласни дека пејачката никогаш не изгледала поубаво.
Како таа изгледаше во ова свое издание, но и на претходните настапи, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм, Алина Јухарт
Фото: Инстаграм, Алина Јухарт
Фото: Инстаграм, Алина Јухарт
Фото: Инстаграм, Алина Јухарт
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд