Цеца со раскошното деколте го украде шоуто во Ѕвездите на Гранд – КОМБИНАЦИЈА на која и кралиците можат да и завидуваат!
Уште едно прекрасно издание!
Популарната фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ се појави пред студиото во Гранд во уште едно шик издание.
Но по елегантниот костум што го носеше само еден ден претходно, пејачката овој пат реши да избере боја со која и овој пат никого не остави рамнодушен.
Имено, таа по комплетот сочинет од бели елегантни панталони и необичен горен дел кој беше пресечен во половината и со патенти од предната страна, вчера заблеска во преубава зелена нијанса од глава до пети и ги воодушеви сите.
Имено, Цеца овој пат на снимањето на популарното шоу се појави во светло зелен тесен фустан со долги ракави.
Во прашање модел со истакнати раменици какви се популарни оваа сезона и кои создаваат одличен визуелен ефект.
Пејачката ова прекрасно издание го заокружи со ефектни високи потпетици и луксузна чанта во крем нијанса, додека косата и беше пуштена, со благи локни на краевите, и имаше преубава шминка на лицето.
Како таа изгледаше во ова свое издание, но и во останатите нејзини комбинации од новата сезона, погледнете во продолжение:
Цеца блескаше во зелениот фустан…
Таа го комбинираше со гламурозна чанта од познат бренд…
И салонки со тенки високи потпетици.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Ѕвездите на Гранд
Погледнете ги и следните нејзини изданија: