Цеца со месеци го држеше во тајност, но испливаа првите информации – НЕ МОЖЕШЕ ДА ГО СОКРИЕ ОВА
Познатата пејачка подготвува големо изненадување за своите фанови кое деновиве исплива во медиумите
Светлана Цеца Ражнатовиќ повторно го украде шоуто
Познатата фолк-пејачка се појави во уште едно феноменално издание на снимањето на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
И додека сите нестрпливо чекаат да почне емитувањето на ТВ на новата сезона на најгледаното музичко шоу на Балканот, познатата пејачка веќе неколку пати се најде во медиумите со своите беспрекорни модни приказни.
Впрочем така беше и овој пат кога пред студиото се појави во уште една комбинација со коа им одржа модна лекција на сите.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Цеца за оваа пригода избра тесно здолниште со тигрест дезен со кое во преден план ги истакна своите витки нозе.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Пејачката во горниот дел носеше бела маица од познат светски бренд за која сигурно потрошила неколку стотици евра, а целото издание го заокружи со модни додатоци како што се темни очила за сонце, плико чанта и скапоцен часовник.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Посебен шмек на целото издание му дадоа црните чевли со високи потпетици кои исто така се со потписот на дизајнерски бренд.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Инаку, една вест поврзана со пејачката што деновиве исплива во медиумите многу ги израдува нејзините верни фанови.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Имено, како што објави српскиот Блиц, Светлана Цеца Ражнатовиќ ќе сними дуетска песна со поп-пејачот Жељко Јоксимовиќ.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Тие наводно пред неколку месеци договориле сé околу дуетот, но не сакале со оваа информација да се појават во јавност.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Пејачите долго време ова изненадување го држеле во тајност, се додека Жељко во една емисија запрашан за соработка со Цеца не одговорил со насмевка со што практично ги потврди овие гласини.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Кога песната ќе излезе се уште не е познато, но сигурно ќе се најде на новиот албум на Цеца на кој веќе сериозно работи.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Потсетуваме, Цеца и Жељко последен пат соработуваа пред 17 години на песната „Лепи громе мој“, каде популарниот пејач и сопственик на телевизијата К1 пее во вториот дел од песната.