Цеца скршена од болка, солзите одвај ги сокри – ова е најтажниот ден за семејството на пејачката
За неа велат дека изгледа најдобро кога најлошо се чувствува
Семејството му одржа помен на Аркан кој беше убиен пред еден хотел во Белград, пред точно 24 години
Светлана Цеца Ражнатовиќ заедно со најблиските му одржа помен на својот починат сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан.
На гробиштата во Белград прв пристигна наследникот на Аркан, младиот боксер Вељко Ражнатовиќ, а потоа дојде и неговата сестра Анастасија која се врати од Шпанија за да присуствува на парастосот на својот починат татко. И како и секоја година, семејството и пријателите запалија свеќи во чест на Жељко, донесоа цвеќиња, а свештениците прочитаа молитва на неговиот гроб.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
На гробиштата беше и Богдана, сопругата на Вељко која е бремена и за неколку месеци ќе го роди третиот внук на Цеца.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Таа цело време не се одвојуваше од Цеца која солзите од медиумите ги сокри со големи црни очила кои речиси целосно ѝ го покрија лицето.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Цеца на гробиштата дојде во сива комбинација – носеше ролка, капут и панталони, додека на нозете носеше рамни чизми.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Пејачката во рацете ја држеше класична „шанел“ чанта која што ја има веќе со години, а која со тек на време е се поскапа.
Имено, овој модел денес чини преку 10.о00 евра, а како Цеца изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение…