Цеца се појави во црн капут, но кога го соблече настана молк – ќе се ИЗНЕНАДИТЕ од она што пејачката го носеше под него!
Сите зборуваат за новото издание на Цеца
Познатата пејачка не престанува да ги воодушевува сите со своите модни изданија во „Ѕвездите на Гранд“.
Веќе и врапчињата на гранките знаат дека Светлана Цеца Ражнатовиќ дојде на местото на Јелена Карлеуша во „Ѕвездите на Гранд“. Но за разлика од Карлеуша, која во шоуто најчесто носеше импресивни парчиња со потписот на најпознатите и најскапите светски брендови, Цеца своите комбинации ги темели на дизајнери од регионот.
Па така досега се појави во неколку различни креации на познати и помалку познати српски дизајнери, а и со своето последно издание ги изненади сите.
Во прашање е на прв поглед класично издание, но истовремено и поприлично атрактивно на кое никој не остана рамнодушен.
Имено, Цеца како и секој пат од автомобилот излезе средена од глава до пети, но овој пат носеше капут.
Во прашање е класичен капут во црна боја со кој пејачката ја истакна својата тенка половина.
Таа пристигна видно расположена и поразговара со новинарите, а многумина се прашуваа што носи под капутот.
Цеца со капутот носеше големи очила за сонце, чанта од познат дизајнерски бренд и шик високи потпетици, но она што го носеше под капутот можевме да го видиме дури откако седна на „жeшкoто“ столче, покрај своите колеги.
Пејачката за пред камерите носеше црвено од глава до пети, а ова нејзино издание им се допадна на сите.
Таа доби комплименти и од својот колега Ѓорѓе Давид кој и ги позајми своите очила за сонце со кои таа се сликаше.
Во ова издание посебно се истакна полу-ролка во црвена боја која совршено го истакна нејзиниот горен дел од телото.
Како изгледаше Цеца во ова издание, но и нејзините други изданија од „Ѕвездите на Гранд“ погледнете во галеријата.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм