Цеца се појави во најкусото фустанче што сме ја виделе досега – обожавателите гледаат во овој детаљ и не можат да се начудат
![](/wp-content/uploads/2021/10/cecaceca.jpg)
Пејачката не престанува да ги изненадува фановите
![](/wp-content/uploads/2021/10/cecaceca.jpg)
Балканската фолк-дива Светлана Цеца Ражнатовиќ и на снимањето на последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ привлече внимание со својот изглед.
Таа овој пат никого не остави рамнодушен облечена во црно од глава до пети, а многумина коментираа дека изгледа неверојатно.
Познатата пејачка се појави во црно кожно фустанче со кое ги истакна нозете, а на половината имаше широк појас.
![](/wp-content/uploads/2021/10/ceca13-2.jpg)
Многумина беа воодушевени и од тоа што пејачката во натпреварот не дојде во високи потпетици, туку во „моторџиски“ чизми.
![](/wp-content/uploads/2021/10/ceca12-3.jpg)
Таа како и секогаш им позираше на фотографите и разговараше со новинарите не тргајќи ја насмевката од нејзиното лице.
![](/wp-content/uploads/2021/10/ceca3-8.jpg)
Никој не очекуваше дека ќе ја види пејачката во едно вакво издание, посебно не во едни вакви „бајкерки“.
![](/wp-content/uploads/2021/10/ceca4-8.jpg)
Имено, досега таа најчесто носеше елегантни високи потпетици, но овој пат ги воодушеви сите и со нешто сосем различно.
![](/wp-content/uploads/2021/10/ceca5-7.jpg)
Црното кожно фустанче потполно го истакна нејзиното убаво тело, па пејачката во ова издание изгледаше како тинејџерка.
![](/wp-content/uploads/2021/10/ceca6-4.jpg)
Овие чизми дефинитивно беа полн погодок, а како Цеца изгледаше во нив, погледнете од фотографиите.
![](/wp-content/uploads/2021/10/ceca7-5.jpg)
По снимањето не разговара со никој
Пејачката откри дека на почетокот вики Миљковиќ и била најголема поддршка, но и дека се уште не може да се навикне на гласните расправии и надвикувањето со колегите во студиото, заради што по снимањето е максимално исцрпена и нема желба со никој да се слушне, па си оди дома.
![](/wp-content/uploads/2021/10/ceca14-1.jpg)
„Јас кога ќе си заминам дома по снимањето само ќе си ставам пијачка и кулирам. Не разговарам буквално со никој“, изјави Цеца.
Погледнете уште едно нејзино шик издание со кое што никого не остави рамнодушен во популарното шоу.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
![](/wp-content/uploads/2021/09/ceca6-10.jpg)