Цеца се појави во најкусиот фустан што сме ја виделе досега – жените воодушевени од овој детаљ, но и во шoк од неговата цена!
Фолк ѕвездата со својот изглед ги воодушеви сите, а жените бараат чизми слични на нејзините
Чизмите во сива боја се хит оваа сезона, а Цеца носеше посебен модел со кој никого не остави рамнодушен.
Сивата е нова црна, велат модните гуруа според кои оваа боја е главна ѕвезда за крај на 2021 година.
Тоа очигледно го знае и Светлана Цеца Ражнатовиќ која на една од последните емисии во „Ѕвездите на Гранд“ се појави во црн комплет составен од фустан и сако, но и детали во сива светкава нијанса со кои ги воодушеви сите.
Имено, пејачката своето „all black“ издание реши да го разбие со сива чанта и чизмички.
Фустанот кој и стоеше одлично на Цеца е од англискиот бренд Андаја и е украсен со препознатливи кратки реси, додека чантата и чизмите имаат дискретен „пепито“ дезен. Пејачката со ова едноставно, но поприлично ефектно модно издание носеше и пунџа, а од накит само елегантни обетки.
Инаку, чизмите што ги носи Цеца се од Џими Чу (1358€), а и чантата е од истиот моден бренд (Jimmy Choo Lizzie Prince of stars clutch bag 825€).
Што се однесува до моделот, не треба да заборавиме дека и „Пантоне“ ја прогласи „ултимативната сива“ за боја на годината, па во продолжение погледнете неколку најразлични модели на чизми и чевли во оваа нијанса.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм (BestOfCeca)
Фото: Принтскрин/ Инстаграм (BestOfCeca)
Фото: Принтскрин/ Инстаграм (BestOfCeca)
Фото: Принтскрин/ Инстаграм (BestOfCeca)