Цеца Ражнатовиќ ужива на Кипар – насмеана и без шминка, ќе се воодушевите од нејзиниот природен изглед (фото)
Морско издание на балканската фолк дива
Пејачката Цеца Ражнатовиќ одморот на Кипар го прекина за да се појави на една приватна прослава во Белград, но потоа повторно се врати во својата вила.
Познатата пејачка преку социјалните мрежи покажа како го минува времето во својата рајска оаза на Кипар.
Таа веќе некое време си ги полни батериите на ова место, а овој пат сите беа воодушевени од нејзиниот природен изглед.
Имено, пејачката речиси да немаше ни грам шминка на своето лице додека се снимаше, освен нејзината препознатлива насмевка. Само на нејзините усни имаше сјај, додека лицето беше чисто и природно.
Пејачката со ова издание ги воодушеви сите, па следуваа бројни комплименти на сметка на нејзиниот изглед.
Цеца на Кипар замина на почетокот од јули, каде се одмара во својата вила, а во претходните денови на гости и беше Вики Миљковиќ.
Нејзиното момче, Богдан Срејовиќ, не можеше да дојде заради своите обврски, па ова е еден од ретките моменти Цеца да е сама откако се заедно.
Двете сестри во костими за капење
Покрај Вики, со Цеца во вилата беше и нејзината сестра Лидија Оцокољиќ како и малиот Жељко.
Како тие изгледаат во костими за капење, но и како уживаат во големиот базен во вилата, погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин