Па секако дека се случувало, и јас сум човечко суштество…
Познатата фолк ѕвезда вешто го крие својот приватен живот, посебно кога станува збор за нејзините романтични партнери. Но сега ги изненади своите обожаватели кога реши да зборува отворено за нејзината невозвратена љубов.
„Секако дека се случувало. И јас сум човек. Но, не дека не бев сакана, туку бев преголем залак. Постојат луѓе кои едноставно не можат да се носат со јавниот живот. А тоа е мојот избор“, изјави Цеца во своето интервју.
„Мојот живот е како медал со многу страни. Што се однесува до кариерата, тоа е чисто злато, но во приватниот живот имав многу осцилации. Се обидувам добро да пливам и во животните бури. Не верувам во она – ‘Што нема да ве убие, тоа ќе ве направи посилен’. Апсолутно не е точно. Бидејќи она што нема да ве убие, фала му на Бога што не ве убило. Но не ве направило да бидете посилен, туку добро ве раздрмува и растресува. Но јас не смеев да потклекнам заради своите деца“, заклучи Цеца за српскиот Телеграф.