Цеца Ражнатовиќ планира повторно да „скокне во тавче“? Дали е ова ВЕРЕНИЧКИОТ прстен со кое момчето ја запроси?
Со една снимка направи хаос на социјалните мрежи
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе со месеци ужива со своето момче Богдан Срејовиќ.
Тие во последно време се речиси неразделни, а нејзината последна објава ги изненади сите на социјалните мрежи.
Имено пејачката на својот профил на Инстаграм објави снимка од својата рака на која блеска прстен, па многумина се посомневаа дека Богдан ја запросил.
Само да потсетиме, Цеца повеќе пати досега има истакнато дека нема да се мажи повторно, па затоа и сега многумина се збунети.
Како што самата изјави во една пригода, таа поминала низ тоа искуство и видела дека бракот нешто фантастично, но сега за неа потписот кај матичарот не преставува ништо и може само да ги расипе работите.
Инаку, во прашање е луксузно парче накит со голем драгоцен камен што Цеца го носеше на левата рака.
Интересно е и тоа што оваа снимка Цеца ја објави само неколку дена по двегодишнината од бракот на нејзиниот син Вељко, кој, како што веќе знаеме, се ожени на истиот датум како и неговата мајка која 24 години претходно му се заколна на вечна љубов на Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Како изгледа прстенот, погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ