Цеца Ражнатовиќ и Марија Шерифовиќ се испокараа заради убавата МАКЕДОНКА – се тресеше студиото по нејзиниот настап!
Коментарот на Марија Шерифовиќ не и се допадна на нејзината колешка, Цеца Ражнатовиќ…
Натпреварувачката од Македонија, Сања Димова, во последната емисија од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ настапи со песните „Зајди, зајди“ и „Заради тебе“.
Младата пејачка успеа да добие само четири гласови од жирито и да замине во бараж, а нејзината менторка, Цеца Ражнатовиќ, не беше задоволна од гласањето.
Марија Шерифвиќ изјави дека општиот впечаток е дека втората песна ја испеала многу подобро, на што Цеца одговори:
„Општиот впечаток е дека вие сте неблагодарни. Ова дете заслужи директно да помине“, изјави Цеца која и беше менторка.
По ова Марија Шерифовиќ се обиде да објасни дека „Зајди, зајди“, според неа, не треба да се пее на таков начин.
„Секоја птица пее со својот глас. Ти ги слушаш емоциите, не можеме сите исто да пееме. Што фалеше на другата? Зошто не го даде твојот глас?“ ја праша Ражнатовиќ својата колешка.
„Јас сум сигурна дека сите мислиме слично, се потруди, беше океј, но може и подобро“, образложи Шерифовиќ, по што се вклучи и Босанац.
„Првата песна, јас не знам дали знаете кој ја направи песната и кој е пее така? Никогаш никој го нема надминато во тој стил. Втората песна беше добра, твојата боја на гласот и изговорот на српскиот се одлични и тоа мора да се пофали“, истакна Стојковиќ со што се сложија и останатите колешки, Ана Бекута и Снежана Џуришиќ.
Мили изјави дека Сања е на добар пат и дека не треба да се грижи за баражот, што го потврди и Ѓорѓе Давид.
Вики ја пофали за втората песна, додека за првата изјави дека е недоволно зрело за нејзини години.
На крајот Мили го праша Поповиќ за конечен суд, додека тој стоеше покрај Цеца во иста поза со рацете на масата.
„На мене Цеца ми се допаѓа и тоа е мојот заклучок“, беше јасен Саша, а Сања беше пресреќна кога во баражот, на крајот од емисијата, Поповиќ го прочита нејзиниот број и и’ соопшти дека и таа оди во следниот круг.
Инаку, струмичанката има дваесет години и во Македонија студира на Музичката академија.
Таа е ќерка на познати фолк пејачи од нашата земја, Билјана и Борис Димови, кои настапуваат во дует.
Сања студираше соло пеење на престижна музичка академија во Италија, но заради ситуацијата со пандемијата и коронавирусот, младата пејачка реши да се врати во Македонија и во нашата земја да продолжи со студиите на Музичката академија.
Таа е мошне активна и на социјалните мрежи, а некои од нејзините фотографии погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд