Цеца Ражнатовиќ ги воодушеви сите со овој моден детаљ – го обожаваат и девојките во Македонија, но и светските дами, па дури и Кејт Мидлтон
Цеца на нејзиниот настап се појави во бело од глава до пети, а со еден детаљ ги воодушеви сите
Имено, фолк дивата на нејзиниот настап се појави во бела кошула и бели панталони со ѕвонест крој, но посебни ги воодушеви сите со нејзината бела шубара, која е вистински хит веќе неколку сезони по ред.
https://www.instagram.com/p/Bq3r6_3ApLa/
Имено, покрај морнарските капи кои важат за голем тренд оваа сезона, на нашите улици и оваа есени зима се популарни и шубарите, кои се мошне удобни за носење, практични и изгледаат елегантно и неверојатно шик. Тие секоја комбинација ја прават да изгледа уште поефективно и помодерно, а ги обожаваат многу познати дами меѓу кои и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.
https://www.instagram.com/p/Bq4FYjTHX9d/?utm_source=ig_embed
И покрај тоа што изгледаат гламурозно и скапо можат да се најдат и за не толку големи пари – оние од вештачко крзно дури и за околу 500 денари.