Цеца се пошегува на сметка на своите деца
Анастасија и Вељко подолго време се во сериозни емотивни врски, а нивната позната мајка се пошегува на нивна сметка.
Па јас ќе се омажам пред нив! И ќе направам свадба и се што треба“, изјави Цеца во шега, а потоа призна дека никогаш повеќе не би застанала на лудиот камен и дека за неа потписот во матичното е само парче хартија.
„Не размислувам така, јас сум зрела жена и никогаш не сум зборувала за приватниот живот бидејќи не сметам дека тоа треба да биде дел од јавноста. Ако одлучив животот да ми биде на тацна, барем толку можам да сокријам за љубов кон самата себе. Никогаш не сум била врзана за форми, сакам слобода, мене ми е важно да сум среќна и исполнета“, изјави Цеца за „Свет“ и додаде. „ДА! Емотивно сум исполнета, среќна сум и задоволна. Јас сум сакана жена“.