Цеца под сакото носи само градник – во вакво издание не сте ја виделе, комбинација во која изгледа како милион долари!
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се врати од Шпанија каде беше заедно со својот внук Жељко.
Таа беше во Севиља на посета кај својата ќерка Анастасија која живее таму со нејзиното момче, фудбалерот Немања Гудељ, а откако се врати од ова посебно патување повторно вредно им се посвети на своите обврски.
Цеца вера се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ во модно издание со кое никого не остави рамнодушен.
Таа носеше сако и панталони во боја на кајсија, а под сакото носеше само градник истакнувајќи го своето раскошно деколте.
Долгите панталони ја потенцираа нејзината убава линија, додека сакото со длабокото деколте ги истакна останатите атрибути.
Цеца целото издание го зачини со мала плико чанта и стејтмент високи потпетици во слична златна нијанса.
Пејачката ги воодушеви фановите со ова свое издание, а сите се согласни дека изгледа одлично и дека годините не и можат ништо.
Впрочем така беше и само еден ден претходно, кога пред студиото се појави во скинати фармерки и повторно блескаше.
Како изгледаше Цеца и во ова свое издание со кое никого не остави рамнодушен, но и какви фармерки ќе носиме ова лето, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Наши предлози:
Maison Margiela
Mango
Mango
Bershka
Bershka
Bershka