Цеца падна на шармот на ова 23-годишно момче од Македонија – исплива видео од нивната проба
Пејачката го запеа хитот на Цеца и ги воодушеви сите...
Цеца ужива додека работи со своите кандидати…
Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ одлично се снаоѓа во улога на ментор во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
Таа минатата година имаше двајца свои кандидати во финалето што е доказ дека посветено работи со нив.
Цеца оваа сезона во својот тим има најмногу пејачи и редовно вежба со нив, а во оваа работа и помага колешката Ивана Петерс.
Тие и двете вредно работат со секој од нив и заедно ги избираат песните со кои младите пејачи ќе настапат во шоуто.
Како што кажуваат самите натпреварувачи, Цеца кон секој од нив се однесува како кон свое дете и секогаш им дава совети.
Тие најчесто вежбаат во нејзиниот дом каде владее семејна атмосфера, а тоа може да се заклучи и од фотографиите што одвреме-навреме ќе се појават на социјалните мрежи на кои се гледа како талентираните млади музичари вредно работат и се подготвуваат за својот настап.
Овој пат на социјалните мрежи видео од пробата сподели пејачот од Македонија, Дарко Ѓорѓески и тоа веднаш стана хит.
Во видеото се гледа како Дарко заедно со својата колешка Миа Смиљаниќ изведуваат еден од најголемите хитови на Цеца.
Во прашање е песната „Лепотан“ со која овие млади талентирани музичари ги воодушевија сите на социјалните мрежи.
Потсетуваме, Дарко испадна во четвртиот круг од шоуто, но според одлука на продукцијата, тој повторно беше вратен.
Среќната вест дека повторно ќе биде дел од шоуто му ја соопшти Цеца и ова видео исто така беше вирално на интернет.
Младиот пејач ги освои сите уште со првиот свој настап, а Цеца беше среќна што заврши во нејзиниот тим.
Тој има 23 години и живее во Австрија, а како ова симпатично момче изгледа и во приватниот живот, погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески