Цеца одржа лекција како на нејзини години треба да се носат скинати фармерки – тајната се крие во овие неколку детали
Цеца ги изненади сите…
Познатата фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ се појави пред студиото на Гранд во досега невидено издание.
Цеца отсекогаш важела за една од најатрактивните пејачки на Балканот, а ова нејзино издание тоа и го докажува.
Шармантната пејачка носеше широки скинати фармерки во светла сина нијанса и во какви досега ја немаме видено, а целото издание го заокружи со нежна бела кошула која што ја носеше ставена во фармерките и бели сандали на платформа и со тенки, екстремно високи потпетици.
Нејзината коса беше врзана во високо коњско опавче, а со црвениот кармин го истакна своето убаво лице.
Нејзините обожаватели беа воодушевени од ова нејзино издание и сите се сoгласни дека изгледа како девојче.
Инаку, скинатите фармерки се во тренд и во последните неколку сезони ги носат како млади девојки така и жени во сериозни години, па во модните магазини често можеме да прочитаме текстови дали е во ред дамите во петтата и шестата деценија од животот да се облекуваат како средношколки. Според модните професионалци, тоа е во ред, но само ако добро ги изберат моделите и внимаваат во каква пригода ги носат. Имено, скинатите фармерки исто како што се на пример и папучите или шорцевите, секако не се паметен избор за на работа, суд или во било која јавна институција, но во опуштено издание се добредојдени.
На крајот на краиштата не е важно дали фармерките се скинати или не, туку кројот да биде добар и добро да ви стои.
Исто така на жените кои се +40 многу подобро им стојат женствените модели на фармерки, како и панталоните со длабок крој или класичните модели со рамни или малку широки ногавици кои одлично стојат со високи потпетици. А доколку веќе одлучите за скинати фармерки, во кои сакате да изгледате кул и опуштено, тогаш изберете некоја подискретна варијанта, советуваат модните гуруа.
Во продолжение погледнете и неколку модели на скинати фармерки од продавниците на познатите брендови:
Jacquemus
Bershka
Bershka
Bershka
Bershka
Bershka
AREA
AREA
Mango
Mango
Mango
Mango
Maison Margiela