Цеца облече кусо фустанче и никогаш не изгледала подобро – „гори“ БУГАРИЈА, повеќе од 12.000 луѓе ги пееја нејзините хитови!
Цеца ги воодушеви Бугарите…
Познатата пејачка за настапот избра кусо фустанче со кој го истакна своето беспрекорно тело, а на нозете носеше чизми до глужд…
Познатата фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ направи вистински спектакл во најголемата арена во Бугарија.
Таа во четвртокот одржа концерт за паметење во Армец Арената во Софија за кој уште долго време ќе се зборува.
Околу 12.000 луѓе уживаа во песните со коишто Цеца настапи пред публиката во Бугарија.
Таа за настапот избра кусо фустанче со кој го истакна своето беспрекорно тело, а на нозете носеше чизми до глужд.
Откако излезе на сцената, публиката со громогласен аплауз ја поздрави со зборовите „Цецо, те сакаме“.
Се редеа хитови, а Цеца не можеше да го сокрие задоволството што настапува пред толку голема публика.
Инаку, ова е петти пати како популарната српска фолк пејачка ја полни најголемата арена во Бугарија.
Концертот беше направен по светски стандарди, а картите беа распродадени недела дена пред да се одржи истиот.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм