Цеца и Богдан утре слават годишнина – еве како пејачката ја започна романтичната врска со девет години помладото момче
Утре е посебен ден за Цеца и Богдан
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиното момче Богдан Срејовиќ на 18 декември обележуваат година дена врска.
Тие имено прв пат беа видени заедно на самиот почеток од оваа година во еден ресторан во Белград, и од тогаш се неразделни.
Тогаш како бомба одекна веста дека популарната фолк-пејачка по толку години повторно има некој покрај себе и е заљубена, а многумина беа изненадени од нејзиното момче кое е девет години помладо од неа.
Како што самите открија, тие се запознале на еден роденден кај една заедничка пријателка, и по некое време ја започнаа романтичната врска.
Колку беше серозна нивната врска уште од самиот почеток го потврди и тоа што Цеца беше гостинка на куќната слава на Богдан на 9 јануари.
„На 18 декември ни е годишнина. На нас секој ден ни е како годишнина. На мене во мојата врска ми е многу убаво, среќна сум и задоволна. Тој исто така, а тоа всушност е најважно. Тој ден за нас нема да значи ништо повеќе од сите останати кои се зад нас“, изјави Цеца за српскиот Телеграф.
Пејачката не крие дека е емотивно исполнета откако е во врска со младиот бизнисмен.
Тие прв пат во јавност беа фатени на самиот почеток од оваа година и од тогаш привлекуваат внимание каде и да се појават.
Тие на самиот почеток се криеја далеку од очите на јавноста и се појавуваа само во кругот на најблиските пријатели, но кога прв пат се појавија заедно веднаш сите почнаа да се прашуваат кој е мистериозниот маж со неа.
Инаку, Цеца неодамна сподели фотографија на која и се гледаше нов прстен, па веднаш започнаа приказни дека партнерот ја запросил. Но таа реши да ги прокоментира овие приказни и откри дали навистина повторно ќе облече венчаница и да застане на лудиот камен.
„Сакав да напишам дека не добив еден, туку два. Тоа се глупости. Јас кажав дека повеќе нема да се мажам. Можам себеси да се замислам во венчаница, но да пеам на плејбек. И радо облекувам венчаници, но да застанам пред матичар или поп, тешко“, изјави Цеца во емисијата „Премиера Викенд специјал“.
Заедничките фотографии на Цеца и Богдан направени во текот на претходната година погледнете ги во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Принтскрин/ Папарацо лов
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ