Цеца згрозена и шокирана од изјавата на мајката на кандидатот во ПОПУЛАРНОТО шоу: „Тоа е злочин, и наметнуваат неморал!“
Голем скандал го тресе популарното музичко шоу
Мајка на натпреварувачот во „Ѕвездите на Гранд“ Душан Вукадиновиќ, Ната Вукадиновиќ, ја обвини популрната фолк-пејачка Снежана Ѓуришиќ дека од неа барала пари за нејзиниот син да остане во шоуто.
Ваквото обвинување на мајката на натпреварувачот предизвика голем скандал, па се огласи и Светлана Цеца Ражнатовиќ која на својата колешка и пружи поддршка.
„Тоа е еден кандидат кој испадна, кој губи има право да се лути. Сметам дека тоа е многу грдо, тоа го сфатив како удар на сите нас што сме таму. Им се радуваме на кандидатите, го вложуваме своето време, енергија, труд, тоа е наша добра намера, не мораме да го правиме тоа“.
„Ние со договорот не сме обврзани тоа да мораме да го правиме. Да се наметне еден таков неморал на една жива легенда, згрозена сум, тоа е злочин“, вели Цеца и Додава:
„Тоа е нечовечки чин. Такво нешто да кажеш за некој што толку многу се труди, и тоа бесплатно. Не знам колку тоа чини кога остануваме со нив по седум, осум часови, тоа нема цена. Огромна лаж, бесрамно! Почувствував силна потреба да ја заштитам својата пријателка, колешка. Сите сме со неа, сите членови на жирито денес се чувствуваат како и јас, во врска со тоа. Постојат деца кои се многу благодарни за сé што правиме за нив“, зборуваше отворено Цеца во емисијата „Премиера: Викенд-специјал“ и додаде:
„Пресреќна сум што имам прилика да работам со млади луѓе, да им го пренесам искуството, ситниците кои се важни во нашата работа, да ги исправаме грешките. Ги гледа целиот Балкан, па барем да се престават на најдобар можен начин. Тие деца знаат многу да бидат благодарни на тоа“, вели Цеца која моментално со внукот ужива на Копаоник.
Инаку, по изјавата на Цеца Ражнатовиќ се огласи и младиот пејач Душан кој по нејзината изјава дека тоа што го направила неговата мајка е злочин и бесрамен чин исто така имаше брутален одговор.
„Ваква изјава воопшто не ме изненадува од дотичната, знаејќи ја нејзината биографија“, изјави тој за босанскиот „Express“ .
На крај тој ја коментираше и изјавата на Снежана Ѓуришиќ, која е главната актерка во овој скандал. Таа демантираше дека се случил инцидентот, односно дека и барала пари на мајка му, па дури најави тужба.
„За мојата менторка веќе сé е кажано… Само би му поставил прашање на Поповиќ ако го слушал моето пеење во бараж, а секако дека го слушнал, и доколку се уверил како пеам кога пееме на истиот микрофон, без подметнување, зошто не ме пушти да одам понатаму?“
„Ако е човек и ако не сака да се огреши пред еден добар натпреварувач“, прашува младиот Душан.
Повеќе за целиот скандал прочитајте тука…
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Извор: Премиера, Глмур, Експрес.рс