Цеца го запозна зетот, но шоуто го украде неговата мајка – сите ИЗНЕНАДЕНИ од тоа како изгледаше свекрвата на Анастасија
Прва заедничка фотографија на на Цеца со семејството на новото момче на Анастасија
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ го прослави својот 24 роденден, а прва на Инстаграм и честиташе нејзината мајка.
Светлана Цеца Ражнатовиќ, на спомнатата мрежа објави неколку стари видеа на кои е со својата наследничка – од нејзиното раѓање, кога била бебенце, па се до сега, од нивните заеднички настапи во медиумите.
Покрај овој колаж пејачката објави и нова снимка од нејзината раскошна вила, на која видно расположени се гледаат најблиските на Анастасија, меѓу кои и нејзиното ново момче и неговото семејство.
„Среќен роденден Тасо, На здравје“, порачаа заедно сите, додека Анастасија не ја трга насмевката од лицето.
Интересно е и тоа што Анастасија на оваа снимка е облечена речиси идентично како својата свекрва.
Имено, момчето на славеничката вчера пристигна во Белград заедно со своето семејство, сестрата Вања и братот Драги, а со нив беше и мајката Оливера, која исто така и го честиташе роденденот на Таса.
„Среќен роденден снајче, те сакам“, напиша таа на својот Инстаграм профил, а објавата ја сподели и Анастасија.
Немања со семејството беше да ги запознае Цеца и Вељко, а од заедничкото видео што Цеца го објави може да се заклучи дека одлично си поминале.
Цеца за оваа пригода беше облечена во фустан со животински дезен, а на масата се наоѓаа црвени ружи на кои пишува „Те сакам“, па се претпоставува дека овој подарок најверојатно и го донел Немања на својата сакана.
Анастасија потоа објави и снимка на која е со братот на Немања, со кого исто така е во многу добри односи.
Сепак најмногу внимание привлече кога објави видео на кое се гледа како страсно танцува со своето момче.
Анастасија својот роденден ќе го прослави во среда, во еден елитен ресторан, заедно со семејството и пријателите.
Инаку, Анастасија врската со Немања ја започна неодамна. Таа пред нешто повеќе од два месеци раскина со младиот бизнисмен Ѓорѓе Куљиќ, со кого пет години беше во врска, а по некое време откри дека има ново момче. Таа од тогаш два пати беше кај него во Шпанија, каде што тој игра за Севиља, а на социјалните мрежи можевме да видиме дека најмногу време поминува со неговото семејство, но и дека го бодри момчето на фудбалските натпревари.
Таа посебно се спријатели со сестрата на Немања, Вања, а мошне блиска е и со неговата мајка Оливера.
А откако се појави заедничото видео, сите коментираат дека Немања токму заради роденденот и запознавањето со Цеца ги донел и семејството, за да му бидат поддршка.
Повеќе фотографии на Немања со неговите најблиски, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Оливера Гудељ
Фото: Инстаграм/ Оливера Гудељ
Фото: Инстаграм/ Оливера Гудељ
Фото: Инстаграм/ Оливера Гудељ
Фото: Инстаграм/ Оливера Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ
Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ