Реклама
Наши ѕвезди

Цеца ги спакува куферите и заминува – погледнете како изгледа нејзината луксузна вила

Реклама

Цеца го живее животот со полни гради

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Познатата пејачка неодамна го ожени својот син Вељко, а потоа ја прослави и славата Свети Никола кога повторно беше домаќинка на бројни познати фаци.

Пред неа е новогодишниот настап во еден познат хотел во Белград, а потоа ќе пее и во Будва.

Маркетинг

Таа има мошне успешна година за себе, а наскоро планира да ги спакува куферите и заедно со својата сестра Лидија Оцокољиќ да замине и да си ги наполни батериите на нејзината луксузна вила на Кипар.

Фото: Огњен Јевтиќ, Glossy

„Имав прилика да уживам на многу егзотични дестинации, но најдобро се одмарам на овој остров. Никаде не е поубаво отколку во својот дом. Уживам во мирот, погледот на море и тишината. Мислам дека и луѓето чувствуваат кога не сум во Србија, па и телефонот помалку ми ѕвони кога сум на Кипар, вели Цеца и додаде дека за Нова година нема некоја посебна желба, туку само на сите им посакува да бидат среќни и здрави“, пишува весникот „Ало.рс“.

Маркетинг
Фото: Огњен Јевтиќ, Glossy

„Горда сум на Вељко и убедена сум дека ќе биде одличен татко. Сите со нетрпение го очекуваме доаѓањето на бебето и сигурна сум дека тоа ќе биде за нас најсреќниот ден во годината“, додаде таа, а пренесе „Ало“.

Инаку, Цеца во вилата на Кипар во дворот има капела насликана со фрески, која е осветена од свештеници.

Инаку, цената на недвижнините во ова популарно островско летувалиште во Грција, во зависност од локацијата, се движи од 150.000 евра за помала куќа, па и до два милиони, колку што чинат најраскошните вили.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button