Реклама
Новости

Цеца во чевли од 1115 долари – штиклите ѝ се поважни од МАЖИТЕ?!

Пејачката обожава да носи скапи модни додатоци

Реклама

Цеца се пофали со своите нови високи потпетици

Познатата фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ во последно време се почесто привлекува внимание и со своите модни комбинации.

Нејзиниот елегантен стил зачинет со скапоцени детали не може да помине незабележано, а така беше и овој пат.

Фото: Цеца шоу, Блиц ТВ

Имено, познато е дека Цеца во своите плакари има дизајнерски парчиња од најпознатите светски брендови, но и дека обожава да носи гламурозни модни додатоци, посебно кога станува збор за чевли.

Маркетинг
Фото: Цеца шоу, Блиц ТВ

Така беше и овој пат кога во новата епизода „Цеца шоу“ кое се емитува секој петок на „Блиц ТВ“, беше „фатена“ во своите нови штикли.

Aquazzura

Цеца за оваа специјална пригода избра скапоцени чевли од „Aquazzura“ за кои издвоила околу 1115 долари.

Маркетинг

Инаку, популарната фолк-пејачка во една пригода самата изјави дека е изморена од прашањата во врска со бракот и дека во моментот во животот многу и се поважни чевлите од било кој маж.

Фото: Цеца шоу, Блиц ТВ

Таа во една пригода, кога се врати од Париз, каде беше во шопинг со ќерката Анастасија и сестрата Лидија, на прашање на новинарите од емисијата „Ексклузив“ во шега одговори дека моментално повеќе е заинтересирана за чевли, отколку за било кој маж.

„Мажите не ги ни забележав. Моментално чевлите ми се поважни од нив“, изјави Цеца тогаш за споменатата емисија.

Бонус галерија

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Топ 5 изданија на Цеца

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Во продолжение погледнете неколку комбинации што Цеца ги носеше во музичкото талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таа секогаш е дотерана од глава до пети, а нејзините комбинации предизвикуваат лавина од реакции на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Што и да облече изгледа беспркорно…

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Но и не штеди кога е модата во прашање.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Што мислите за стилот на Цеца, дали ви се допаѓа?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button