Цеца во хеланки, во „домаќинско“ издание, без грам шминка на лицето – погледнете какво изненадување и приреди на снаата

Познатата фолк дива Цеца ражнатовиќ секогаш ја гледаме „пицнато“ од глава до пети

Но овој пат нејзиниот син Вељко објави видео направено во нивниот дом и откри како неговата мајка изгледа без грам шминка и во потполно опуштено издание, облечена во хеланки и со широк сив џемпер.

ADVERTISEMENT

Видеото е снимено кога Цеца реши да направи роденденско изненадување за идната снаа, Бојана Родиќ. Таа целото време уживаше додека ја гледаше снаата која не ја тргаше насмевката од лицето, додека Вељко снимаше со телефонот и потоа видеото го објави на неговиот Инстаграм стори.

 

Инаку, Вељко никогаш ја нема криено љубовта што ја има кон својата свршеничка, која за кратко време се вклопи во неговото семејство, а за тоа покажуваат и овие фотографии и видеа од прославата на нејзиниот роденден.

Но бидејќи некои медиуми објавија вест дека сепак тие нема да застанат на лудуот камен оваа година, Вељко само со една реченица им ги затвори устите на сите.

 

 

„Лага“ – порача тој преку социјалните мрежи и на тој начин ги демантираше гласините дека ја откажале свадбата.

Facebook Comments
(Visited 7.860 times, 1 visits today)