Цеца во скапоцени чизми со цена од која многумина во шок – ваквите гламурозни модели се само за богати и префинети дами!
Цеца не штеди пари кога е изгледот во прашање…
Светлана Цеца Ражнатовиќ на едно од последните снимања во „Ѕвездите на Гранд“ ги воодушеви сите со својот изглед.
Како и секогаш таа и овој пат привлече внимание со она што го носеше, посебно со еден скапоцен детаљ.
Имено, фолк ѕвездата овој пат носеше комбинација во зелена и розова нијанса – зелен фустан на една раменица во комбинација со тренди капут, чанта и чизми во впечатлива розова нијанса.
Токму екстравагантните чизми беа детаљот со кој пејачката привлече најмногу внимание и ги воодушеви сите.
Во прашање е модел од познатиот светски бренд Џими Чу за кои Цеца издвоила 1495 евра, односно околу 100.000 денари.
Цеца целото издание го зачини со ефектни обетки во златна и зелена нијанса, додека косата и беше собрана во пунџа
Како изгледаше и зошто сите зборуваат за ова нејзино издание, погледнете во продолжение:
Инаку, Цеца и во една од претходните емисии привлече внимание со скапоцените детали што ги носеше.
Но таа тогаш блескаше во црно од глава до пети, а во фокусот беа мрежестите чорапи со светкави детали.
Таа носеше црна провокативна комбинација, а целото издание го зачини со скапоцена чанта и чизмички.
Косата и беше подигната во високо опавче, а носеше и темни очила со кои го заокружи целото издание.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм