Цел свет зборува за новиот бајковит фустан на Кејт Мидлтон

Кејт Мидлтон заедно со нејзиниот сопруг Вилијам се појави на 72-то доделување на наградите од страна на Британската филмска академија во лондонскиот „Royal Albert Hall“.

Војвотката се појави во прекрасен фустан со потписот на модната куќа Александар Меквин со кој ги воодушеви сите, а дополнителни поени доби и со тоа што фустанот што го носи е инспириран од оној што принцезата Дијана го носеше на концертот на истото ова место во 1991 година.

ADVERTISEMENT

Бајковитиот фустан Кејт го носеше во комбинација со високи потпетици од Џими Чу, кои чинат околу 1000 долари, и нараквица и обетки од „Quatrefoil“, кои припаѓале на мајката на кралицата Елизабета.

Иако нејзината шминка најчесто е неутрална, оваа вечер таа си дозволи малку повеќе шминка.

Facebook Comments
(Visited 354 times, 1 visits today)