Цело Скопје се вртеше по неа – познатата македонска фолкерка во едно од најубавите пролетни изданија
Пејачката изгледа неодоливо во цветниот фустан
Пејачката Сања Цинцева, позната и по прекарот Сања Барби ги изненади сите со своето последно женствено издание.
Пејачката обожава да носи провокативни, но и романтични креации, а овој пат избра совршен летен модел.
Во прашање е фустан кој може да ви биде совршена инспирација доколку ова лето бидете поканети на свадба.
Пејачката настапи во него, а преубавиот цветен дезен кој е одличен избор и за свечени пригоди, никого не остави рамнодушен.
Креацијата е со бела основа преку која се „постелени“ сини цветови, со тесен струк и поприлично кусо здолниште.
Нашата Барби го носеше со пуштена коса зачинета со нежни локни и елегантни сандали со тенки високи потпетици.
Сепак, цветовите не се ништо ново кога е во прашање пролетната сезона, но Барби во ова издание изгледаше поубаво од кога било досега.
Ваквите неодоливи дезени ќе бидат ИН и оваа година, па доколку барате нешто „фенси“ и женствено во исто време, можеби еден нов ваков фустан ќе биде вистинското решение и за вас.
Претпоставуваме дека во плакарите веќе имате неколку модели на цветни фустани, но никогаш не е доцна да ја посветите вашата колекција со уште еден впечатлив пример со кој ќе заблескате ова лето.
Погледнете ја галеријата што следува и обидете се да пронајдете барем уште еден модел што радо би го носеле во текот на пролетните и летните месеци, но и во првите есенски денови со тренди чизми, мантил или оверсајз блејзер кои исто така се во мода.
H&M
H&M
H&M
H&M
Reserved
Reserved
Stradivarius
Stradivarius
Stradivarius
Zara
Zara
Zara
Zara
Zara