Цело семејство се собра на едно место: Се славеше кај Спасен Силјаноски – на трпезата имаше и „од пиле млеко“
На трпезата имаше „од пиле млеко“, се славеше во домот на популарниот македонски пејач.
Спасен сподели фотографија од прославата во неговиот дом и им го честиташе празникот Спасовден на сите Македонци.
Во моментов е еден од најактуелните пејачи во земјава, а за тоа е заслужен големиот хит кој го испеа пред многу години, но сега стана популарен на друштвената мрежа Тик Ток.
Корисниците се снимаат додека танцуваат на „Ќе ти дојдам“, која на Спасен му донесе огромна популарност и го направи еден од најпребаруваните пејачи во моментов на Гугл.
Секогаш е скромен и големата популарност воопшто го нема променето, тој е тука за народот.
На неговите настапи секогаш е весело и никој не останува рамнодушен кога тој ќе запее.
Спасен е еден од ретките кои ја негуваат традиционалната македонска песна и на неговите настапи преферира да пее само македонска музика.
Без влакна на јазикот често јавно го изразува своето мислење за актуелни теми и случувања во земјава.
Важи за голем патриот, но и верник.
На празникот Спасовден, тој слави именден, па по тој повод целото семејство се собра кај него дома да прослават.
На својот Фејсбук профил сподели нивна заедничка фотографија на која се гледа и трпезата, па мора да се признае дека пејачот не се штедел, а домаќинката одлично издекорирала.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски