Некогашната пејачка ги насмеа сите со новата фотографија што ја објави на Фејсбук.
Маријана си играла со својата внука, па го покажа резултатот од играта.
Маријана Новачевска сите ја паметиме како дел од дуото Маријана и Росана.
Не постои нкој во земјава кој не слушнал за двете сестри близначки, Маријана и Росана, кои со својот неверојатен талент за музика уште со самото појавување ја освоија публиката.
Додека беа млади Маријана и Росана жареа и палеа на македонската музичка сцена.
Нивните песни се пеат до ден денес. Станува збор за вистински евергрини.
Сестрите престанаа да настапуваат заедно откако Маријана одлучи да замине во далечната Австралија во потрага по подобар живот.
Љубовта кон музиката кај неа никогаш не згасна иако таа се одлчи а целосна промена на професијата.
Маријана до денес заедно со своите деца живее и работи во Австралија.Нејзина најдобра пријателка или како што често умее да каже, сестра, е популарната пејачка Татјана Лазаревска.
Татјана и Маријана се сосетки и освен што се неразделни, тие си се поддршка во сѐ.
Тие две секој слободен момент го користат да уживаат и да посетат некое ново место во Австралија.
Маријана најмногу сака да го поминува времето со своите внуци.
На својот Фејсбук често споделува смешни цитати и фотографии, па така беше и овој пат.
Таа покажа како завршила играта со нејзинаа внука Ева.
Девојчето посакало да украсува, па со оглед на тоа дека новогодишната елка одамна била раскитена, малата Ева одлучила да ја накити баба.
„Само да ви кажам внука ми Ева беше на гости кај мене и ја украсе нане, бидејќи елката ја раскитивме, а дете сака да си игра“, стои во опис на фотографијата.
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска