Реклама
Uncategorized

Целиот регион плаче поради Бора Чорба! Од сите страни стигнуваат пораки: Твојот Чачак…

Реклама

Групата „Рибља чорба“ мораше да ги откаже концертите поради „нарушената здравствена состојба“ на пејачот Бора Ѓорѓевиќ, објавија музичарите на својата официјална Фејсбук страница.

Според информациите, групата засега нема да настапува бидејќи лекарите му забраниле да патува поради тешка пневмонија.

Маркетинг

„Поради нарушена здравствена состојба, лекарите му забранија на Бора да патува и да се напрега поради тешко воспаление на белите дробови како и влошување со хронична опструктивна болест на белите дробови.

Секако, како и секогаш, ќе ја победиме болеста и штом Бора оздрави, ќе се видиме на нови собири“, соопшти музичката група.

Маркетинг

– Бора е во болница, се ќе знаеме за 24 часа. Засега имаме само информации дека се работи за тешко воспаление на белите дробови, за се е информирано семејството – изјави Бане Обрадовиќ, менаџерот на групата.

Покрај менаџерот се огласија и голем број верни фанови на Бора од целиот регион! Сите плачат поради Бора Чорба и му испраќаат илјадници пораки за поддршка со желба музичарот што побрзо да закрепне, а ова се само дел од пораките:

– Брзо закрепнување Бора! Не мора ни да пее, само нека биде жив и здрав.

– Голема поддршка за Бора, Црна Гора, Бар! Не се откажувај, легендо!

– Боро, те сака твојот Чачак, брзо закрепнување.

Ова се само дел од стотиците пораки за човекот кој живее и твори рокенрол до ден-денес.

Здравствената состојба на фронтменот на бендот веќе некое време не е баш добра, а не е првпат бендот да се огласува во оваа прилика. Имено, во декември минатата година, по наредба на лекарите на Бора, тие мораа да ги разочараат своите верни фанови.

Рок групата „Рибља чорба“, предводена од поетот и пејач Бора Ѓорѓевиќ, вчера го прослави својот роденден, на што потсети на својата Фејсбук страница со објавата дека е основана на 15 август 1978 година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button