Реклама
Вирално

Целиот Балкан на нозе заради исчезнувањето на Вања – голема мистерија е сето она што се случува (видео)

Полицијата интензивно работи на расчистување на случајот

Реклама

Малолетното девојче исчезна на 27 ноември на патот кон училиштето, додека нејзините родители се сомневаат дека е киднапирана.

Вања Ѓорчевска исчезна во понеделникот откако излезе од дома околу 7.27 часот и тргна кон Основното училиште „Пестолоци“.

Таа никогаш не стигна до своето училиште, а последни информации во врска со случајот даде министерот Оливер Спасовски.

Маркетинг

Министерот вчера за медиумите соопшти дека полицијата интензивно работи на расчистување на случајот, но и дека се приведени пет лица за кои засега нема никакви информации. Како што пренесуваат медиумите, овие лица се уште не се донесени до кривичниот суд, а од МВР нема детали околу истрагата за да не и наштетат на истата.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Зорица Ѓорчевска

Како што претходно откри министерот Спасовски, полицијата пронашла и едно возило кое би можело да биде поврзано со истрагата.

Не се знае ни дали петтемина приведени се уште се во полициската станица или во недостиг на докази истите се пуштени на слобода.

Фото: Инстаграм

Потсетуваме, 14-годишната Вања Ѓорчевска исчезна во понеделникот во раните утрински часови на патот кон училиштето „Пестолоци“, и тоа во еден од најфреквентните делови на градот.

Исчезнувањето најпрво го пријавила нејзината мајка, на телефонскиот број 112, а по неколку часа тоа го направил и таткото, но во полициска станица, по што полицијата почна интензивно со потрагата.

Мајката на Вања откри дека некаде на ова место последен пат е лоциран нејзиниот телефон, додека Министерот подоцна откри дека за тоа се уште нема конкретни докази

Мајката на Вања за исчезнувањето на својата ќерка објави и на Фејсбук, а во објавата апелираше да не се шират шпекулации.

Потсетуваме, 14-годишната Вања Ѓорчевска исчезна во понеделникот во раните утрински часови на патот кон нејзиното училиште.

Случајот ја вознемири целокупната македонска јавност, но и ги крена целиот Балкан на нозе. По девојчето распишана е и потерница од Интерпол за исчезнати лица, а покрај полицијата во потрагата по девојчето се вклучија и бројни граѓани и другари од училиштето во кое што учеше. Тие цело време споделуваа објави на социјалните мрежи и лепеа плакати со нејзини фотографии во населбата во која што живееше, сé со цел да се дојде до било каква информација што ќе допринесе во пронаоѓање на исчезнатото девојче.

Фото: МВР

Вања во моментот на исчезнувањето на себе носеше црни панталони со странични џебови, син дуксер, кратка црна зимска јакна, бели патики и школски ранец. Секоја информација за која што сметате дека може да биде корисна во потрагата по Вања, пријавете на дежурниот телефонски број 112 или во најблиската полициска станица.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button