Целиот Балкан зборува за неа, а сега откри и како ќе изгледа во ПОЛУФИНАЛЕТО – и повторно шoк во Ѕвездите на Гранд
Груевска во уште едно Ким Кардашијан издание со кое повторно никого не остави рамнодушен
Марија не само што има беспрекорни вокални способности, таа и со својот пристап го подигна целото шоу на едно друго ниво.
Веќе и врапчињата на гранките знаат дека оваа шармантна битолчанка е една од најдобрите пејачки што некогаш се натпреварувале во „Ѕвездите на Гранд“.
И тоа не се однесува само на нејзините вокални способности, кои се неприкосновени, туку и на целиот концепт со кој реши да се претстави пред публиката.
Благодарение на своите необични настапи Марија денес ја носи титулата најекстравагантната учесничка во шоуто.
Таа помина во полуфиналето во популарното шоу, а сега на својот профил на социјалните мрежи објави и неколку фотографии од кои можеме да видиме како ќе изгледа во овој дел од музичкиот натпревар.
Имено, младата македонска пејачка пред која е блескава кариера повторно ги изненади сите со својот необичен стајлинг.
Но овој пат во прашање е едно малку поинакво издание од оние во кои што ја гледавме досега.
Имено, таа избра комбинација со „бициклистички“ и „оверсајз“ сако со кои повторно никого не остави рамнодушен.
Во прашање е тренд кој е апсолутен хит веќе неколку сезони, а меѓу првите го носеше Ким Кардашијан.
Но благодарение на сакото, односно на впечатливиот дезен, Марија и овој тренд го донесе на едно сосема ново ниво.
Впрочем како и во претходните емисии, Груевска и овој пат со ова издание кое се базира на парче од спортската опрема ги остави сите без зборови.
Таа целото ова издание го заокружи со високи потпетици со интересен дезен во слична нијанса и нејзината преубава фризура со нежни, осветлени локни.
Инаку, деновиве екипата на Гранд беше во посета на хотелот во кој е сместена Марија секогаш кога е во Белград.
Таа во хотелот е сместена со целото свое семејство, а како што самата истакна во разговорот, најголема поддршка и е нејзиниот татко, кој е свештеник.
Со нив е и момчето на Марија, Синиша Стојаноски, а на гости им беше и Зорја Пајиќ која благодарение на натпреварот стана многу блиска со Груевска.
Фото: Принтскрин/ Гранд онлајн
Фото: Принтскрин/ Гранд онлајн
Фото: Принтскрин/ Гранд онлајн
Фото: Принтскрин/ Гранд онлајн
Фото: Принтскрин/ Гранд онлајн
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска