Целиот Балкан зборуваше за љубовната сцена со оваа Македонка, но МАЛКУМИНА знаат дека таа е внука на позната Југословенка!

Нејзината тетка, Марија Тоциновски, беше позната актерка во поранешна Југославија!

Популарната серија „Беса“ е една од најгледаните телевизиски серии во регионот, а во втората сезона игра и Македонката Камка Тоциновски.
Шармантната Камка се појавува во втората сезона и ја игра Ана, сестрата на главниот негативец, а љубовните сцени со нејзиниот колега ја разбрануваа јавноста.
Имено, овие сцени со Тоциновски и Реља Поповиќ, кој во приватниот живот е во брак со пејачката Николија Јовановиќ, со денови беа главна тема во регионот, а Македонката со својот шарм никого не остави рамнодушен.

Камка веќе скоро 10 години работи во Македонскиот народен театар. Покрај улогата во популарната серија „Беса“ позната е и по една од главните улоги во филмот на Милчо Манчевски „Врба“, а се зборува дека ќе има улога и во неговиот најново остварување со наслов „Кајмак“.

Но она што малкумина го знаат за оваа наша позната актерка е дека во потесниот круг на нејзиното семејство има значајни имиња како од филмската уметност, така и од НОБ, па дури и од Илинденското востание.

Имено, Камка е внука на Марија Тоциновски, која најмногу е позната по култните филмови „Мис Стон“, „Капетан Леши“ и „Сигнали над градот“.

Покрај позната тетка, и бабата на Камка е важна личност од Македонија. Таа е спомената во книгата „Жените на Македонија во НОБ”, а нејзиниот дедо, Милан Тоцинов, е носител на илинденска споменица.
Фото: Инстаграм/ Камка Тоциновски
Фото: Инстаграм/ Камка Тоциновски
Фото: Инстаграм/ Камка Тоциновски
Фото: Инстаграм/ Камка Тоциновски
Фото: Инстаграм/ Камка Тоциновски
Фото: Инстаграм/ Камка Тоциновски
Фото: Инстаграм/ Камка Тоциновски
Фото: Инстаграм/ Камка Тоциновски
Фото: Инстаграм/ Камка Тоциновски
Фото: Инстаграм/ Камка Тоциновски
Фото: Инстаграм/ Камка Тоциновски
Фото: Инстаграм/ Камка Тоциновски
Фото: Инстаграм/ Камка Тоциновски
Фото: Инстаграм/ Камка Тоциновски
