Цела Турција во шок поради Хурем. Но дали навистина ги заслужува критиките?

Многумина ја памтат поинаква, но оттогаш поминаа години…

Популарната турска актерка Мерјем Узерли која се прослави со улогата на султанката Хурем во „Сулејман Величествениот“ беше на концертот на Бијонсе што се одржа пред неколку дена во Турција. Таа ја искористи приликата и се фотографираше со музичката ѕвезда, а потоа фотографијата ја објави на Инстаграм. Но коментарите што следуваа, а кои се однесуваа на нејзиниот изглед беа повеќе од шокантни.

ADVERTISEMENT

„Мерјем потполно го уништи лицето“, „Џенифер која е 14 години постара изгледа подобро од тебе“, „Промени го фризерот“ беа само некои од навредливите коментари на кои беше изложена Мерјем. Иако имаше и такви кои го пофалија нејзиниот убав изглед, сепак доминираа оние кои ја критикуваа поради наводните естетски корекции.

Но ако подобро ги загледаме другите нејзини фотографии, можеме да кажеме дека оваа 35 годишна дама се истакнува токму со својот посебен изглед. И мораме да признаеме дека на нејзиниот порцелански тен, на преубавите усни и на големите сини очи можеме само да и завидуваме. Сепак, и покрај нејзиниот шарм, Мерјем се најде на удар на гласините дека направила пластични операции, па мораше да објави фотографија на која е без грам шминка за да ги замолчи критичарите. Таа со својот заносен изглед и бујна коса го плени вниманието каде и да се појави, а како изгледа погледнете од фотографиите во продолжение.

Facebook Comments
(Visited 1.445 times, 1 visits today)
Loading...