Цела вечер пееше и славеше – Благоја Грујовски никогаш посреќен, не очекуваше вакво изненадување
Пејачот славеше роденден, а колегите и пријателите му приредија вистинско изненадување
Благоја Грујовски го прослави својот роденден, а посебното изненадување го доби од неговиот колега Гоце Пејковски.
Познатиот пејач заедно со уште неколку свои колеги музичари, но и новинари и пријатели роденденот го прослави во еден познат скопски ресторан. Неговата колешка со која што долги години ја водеше емисијата Везилка, Ирена Спировска, исто така беше на роденденот, а откако му ја испеаја роденденската песна, Благоја си замисли желба и ги дувна свеќичките на тортата што си ја доби.
Тој запеа заедно со својот колега Гоце Пејковски кој претходно и го изненади со тортата додека останатите му ја пееја песната.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Благоја цела вечер не ја тргаше насмевката од лицето, а потоа заедно со колегата Гоце направија одлична атмосфера.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Имено, Благоја и Гоце токму на неговиот роденден ја промовираа и нивната нова заедничка песна „Мој пријателе“.
Инстаграм/ Тања Јовановска
Песната во интерпретација на оваа двојка веднаш ги освои сите, а какоизгледа спотот за песната погледнете во продолжение…
Пејачот за својот роденден носеше интересна комбинација – сако и панталони во сина боја, бела кошула и црвена вратоврска, а детали од атмосферата споделија неколку негови познати колешки како што се Андријана Ацевска, Стојне Николова, Тања Јовановска и водителката Ирена Спировска, но и многу други.
Инстаграм/ Благоја Грујовски
Благоја инаку е познат како голем боем и „непоправлив“ веселџија, па повеќе од сигурни сме дека заедно со колегите и колешките се забавувале цела вечер.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…