Цела вечер НЕ ја испушти од рацете – пејачот Дарко Лазиќ по концертот имаше бурна ноќ
Познатиот пејач Дарко Лазиќ направи луда журка по успешниот солистички концерт во Белград со кој одбележа 10 години од својата кариера.
На журката за добрата атмосфера беа задолжени Вања Мијатовиќ и Урош Живковиќ, а Лазиќ цело време наздравуваше со пејачите и поприлично се опушти, впрочем како и самите гости.
Тој на журката беше заедно со својата свршеница Марина Гагиќ која цела вечер не ја испушташе од рацете, а откако алкохолот почна да делува, страсно ја бакнуваше и гушкаше пред гостите.
Дарко на концертот со ќерка му Лорена
Секако дека овие баханалии ќе му бидат простени бидејќи ова беше специјален момент за него. Тој точно пред година дена во тешка сообраќајна несреќа за малку ќе го изгубеше и животот, па фолкерот очигледно сакаше да го прослави и почетокот на новиот живот во кој нема да има место за лошите навики. Но тоа очигледно не важи ваквите специјални пригоди.