На Зоки Фаци итно му е потребна помош
Познатиот новинар Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци, треба да оди на итна операција заради отстранување на туморот.
Василевски веќе подолго време се бори со карцином, па сега за операцијата му се потребни околу 15.000 евра.
Благодарение на хуманите луѓе и пријателите на Зоки, поголем дел од парите веќе се собрани, но потребни се уште средства.
Па затоа сите оние што се во можност да донираат би ги замолиле тоа да го направат на следната жиро сметка.
А Зоки како Зоки, кога дозна дека Стефан Лазаров реши да му помогне во оваа тешка борба не можеше да ги задржи емоциите, па заплака пред камерите (види тука), а потоа и им се заблагодари на сите што несебично решиле да донираат средства за неговата операција.