Хуманите граѓани понудија сместување за членовите на семејствата на загинатите и повредените во тешката сообраќајна несреќа

Во тешка сообраќајна несреќа во која се преврте автобус на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци, во близина на Карпалак, загинаа 14 лица.

ADVERTISEMENT

На местото на несреќата, помагаше и локалното население, а откако дел од повредените беа извлечени од автобусот и беа донесени на скопските клиники, граѓани самостојно се организираа и нудеа сместување за членовите на семејствата на повредените во тешката сообраќајна несреќа.

ADVERTISEMENT

„Живеам во близина на 8ми Септември, доколку на членовите од семејствата на повредените им треба престој или било што, стојам на располагање“, „Блиску сум до 8ми Септември, доколку знаете дека на некои од семејствата на повредените и загинатите им треба привремено да се сместат, пишете ми порака..“ се само дел од пораките што ги напишаа хуманите граѓани кои нудеа помош преку Фејсбук.

 

ADVERTISEMENT

Тие ги оставија своите телефони и адреси и нудат сместување во близина на градската болница, но и дарување крв.

Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од коловозот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.

Владата на вечерашната вонредна седница донесе одлука 14 и 15 февруари да бидат прогласени за ден на жалост поради загинатите во сообраќајната несреќа, соопшти вчерва премиерот Зоран Заев.

Бројката на загинати достигна 14 лица.

Facebook Comments
(Visited 912 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT

loading...

loading...