Реклама
Вирално

Хрват во Африка се сликал со две девојчиња, 8 години подоцна одлучил да ги побара, еве што дозна за нивната судбина

Реклама

Популарниот хрватски блогер Кристијан Иличиќ го обиколил целиот свет, а минатата година престојувал во Етиопија. Со последната објава успеа да ги воодушеви фановите кои ги следат неговите патувања.

Фотографијата стара 8 години го покажува Кристијан со две девојчиња како позираат во Турмија, во племето Хамер. На ова патување Кристијан одлучил да ги пронајде девојчињата од сликата, со оглед на тоа што сликата од едната ја истетовирал на рака.

Маркетинг

„Се тетовирав во Бања Лука. Чекав термин една година. Му ги покажав сликите на тату мајсторот, а тој од неколкуте слики од племето ја одбра оваа и рече дека тој околу мојата рака ќе состави приказна. Тоа е девојче кое цел живот ќе го носам на рака, а таа слика ми е една од најдрагите кои некогаш сум ги сликал. Беа тоа вистински емоции“, раскажува Кристијан.

Маркетинг

Потрагата по девојчињата кои во меѓувреме пораснале, во срцето на Етиопија и нејзините бројни племиња за Кристијан не била лесна работа.

Додека тој ги посетувал племињата, девојчето го донеле, го седнале во ресторан и таму го пречекале. Неговата мисија била успешна. А Кристијан открил и што се случило со другото девојче.

„Таа се породила, сега се отселила и живее како номад. Неа уште не сум ја видел“, вели Кристијан и додава дека средбата со девојчето била многу емотивна.

„Да, ме препозна. Пред 8 години таму немало многу странци. Мојот брат и јас тогаш бевме речиси единствени белци таму“, рече тој.

На прашањето како девојчето реагирало на тетоважата, рече: „Беше срамежлива, но покажа и радост“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button